Видео: Како Ноле го прослави триумфот со своето семејство

12 јули 2022

Новак Ѓоковиќ по седми пат го освои Вимблдон. Триумфираше во четири сета над Ник Киргиос со што си ја обезбеди 21-та гренд слем круна.

Потоа следуваше врачувањето на трофејот, задача која традиционално ѝ припаѓа на војвотката Кејт Мидлтон, за најемотивниот момент да остане на крај – прославата со семејството.

И токму од тој драгоцен момент, Ноле вчера објави кратко видео на својот Инстаграм профил, проследено со емостивен текст:

-Бесценет момент со моето семејство ова утро. Каква радост е да се види како тие трчаат на овој легендарен терен. Голема привилегија е да се дели оваа авантуа со нив. Благодарам Вимблдон за оваа можност. Дома носиме доживотни спомени, напиша тенискиот ас.

Новак заедно со сопругата Јелена ги имаат ќерката Тара и синот Стефан, кои ги освоија симпатиите на светот со видеото на кое не ја кријат нивната радост за новата победа на нивниот татко.

 

Објавено:
12 јули 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
401 пати