(ВИДЕО) Погледнете го третото продолжение на „Татко на невестата“
•
28 септември 2020
Култната комедија со Стив Мартин и Дајан Китон, доби трето продолжение. Всушност, се работи за мини специјал во продукција на Нетфликс.
Сценариото и режијата се повторно на Ненси Мејерс, која се потпишува и зад првите две продолженија.
Продолжението кое во медиумите се комуницира како трет дел беше прикажано на 25 септември. Новите сцени, 25 години подоцна имаа премиера онлајн, на официјалниот јутјуб и фејсбук канал на „Нетфликс“, а со цел да се соберат средства за „World Central Kitchen“, чија улога е да им помогне на луѓето кои се погодени на било кој начин од природни катастрофи.
Направете 20-минутна пауза и потсетете се на семејството Бенкс.