ЕЛЕНА ЛУКА со ексклузивна модна изложба на луксузни тоалети на 22-от Виенски бал во Скопје

9 мај 2023

ЕЛЕНА ЛУКА како долгогодишен пријател и поддржувач, ќе ја збогати програмата на годинешниот Виенски бал со ексклузивна модна изложба...

На 13-ти мај, традиционално, по 22-ви пат, ќе се одржи Виенскиот Бал во Скопје, под покровителство на амбасадата на Република Австрија во Р.С.Македонија, а во организација на Здружението за културна соработка Јохан Штраус. И оваа година Виенскиот Бал ќе се одржи во ексклузивниот амбиент на Хотелот Александар Палас. Гостите ќе се дружат со виенскиот валцер, со екстравагантноста на Штраус музиката, со уметноста во која се чувствува легендарниот музички дух на Виена. Кој не умее да игра валцер, има шанса да заигра на звуците на светски евергрини и македонски хит рефрени. И годинава, Виенскиот Бал во Скопје има хуманитарна димензија.

Водител на Балот е Вера Мештеровиќ која и оваа година како и претходните, ќе блесне во раскошна креација на нашиот етаблиран моден бренд ЕЛЕНА ЛУКА, кој за оваа прилика подготвува вистински гламур каков што и доликува на настан од ваков калибар.

ЕЛЕНА ЛУКА како долгогодишен пријател и поддржувач, ќе ја збогати програмата на годинешниот Виенски бал со ексклузивна модна изложба на десетина луксузни, „Haute couture" креации кои го носат духот на вистинскиот гламур и престиж на манифестацијата. Гостите кои ќе бидат присутни ќе имаат уникатна можност одблиску да се запознаат со уметноста што нашиот етаблиран моден бренд ја создава и ја интерпретира во своите авангардни дизајни, кои ќе бидат изложени како автентични модни дела и со сиот свој луксуз ќе ѝ дадат посебен сјај на оваа вечер.

Дополнително ЕЛЕНА ЛУКА за гостите на балот како специјален подарок обезбедува ваучери со 30% попуст на нивните уникатни креации, во знак на почит и пријателство кон сите присутни кои ја разбираат вредноста на авангардниот моден израз на брендот.

ЕЛЕНА ЛУКА ве очекува на ексклузивно модно и музичко уживање, во духот на Виенскиот бал...

Секој гостин на Балот активно ќе учествува во афирмација на човековата добрина, достоинството и вредноста на човекот. Во уметничката програма на Виенскиот Бал во Скопје ќе настапат врвни уметници:

- оркестарот „Јохан Штраус" ќе музицира под диригенство на Бисера Чадловска

- ќе настапат првенците на Балетот од Националната опера и балет Саша Ефтимова и Балаж Локсен (Унгарија) Мирослав Митрашиновиќ, Христина Наќевска.

- танчери на Танцовиот клуб Прима Данца и танчери

-Врачар плесна школа

(Белград,Република Србија)

- Свингерси бенд

- и вокалните солисти: Драган Бобиќ - Дексо, Калина Велковска.

На Виенскиот Бал во Скопје се почитува вековната традиција на задолжителниот дрес код, и тоа, за дамите – свечена долга тоалета, а за господата - смокинг, темно одело или униформа.

Виенскиот Бал во Скопје и оваа година, потврдувајќи ја македонско-австриската сорaботка на поле на културата и уметноста, уште еднаш ќе ја донесе магијата на музиката, танцот и гламурот, и тоа во служба на хуманоста. Оваа година донацијата оди за децата С.О.С детското село.

Објавено:
9 мај 2023
Категорија: 
Култура
Прочитано:
763 пати