Скандинавскиот стил на внатрешно уредување несомнено стана популарен последниве неколку години. Овој шармантен тренд неодоливо се провлекува низ голем број сајтови за архитектура и уредување на ентериери, видно доминирајќи на социјалните мрежи со безброј блогови на Инстаграм и Пинтерест кои нудат совети како да го уредите вашиот дом во овој стил.
Во случај да сте вљубеници во оваа естетика која во најголем дел се фокусира на природни материјали и земјени тонови, сигурно честопати се наоѓате во искушение да купите ново парче мебел или украс кое ќе ја надополни топлата атмосфера во вашиот дом. Но, ако постои нешто што ќе ви донесе уште поголема топлина од самото ново парче, тоа е да го изработите вие самите.
Па доколку ви треба дополнителна инспирација да ги земете алатите в раце и да ја активирате вашата креативност, проскролајте низ Инстаграм профилот на Јона Сипила од Нурмијарви, Финска, каде таа споделува фотографии од нејзиниот прекрасен дом исполнет со предмети кои самата ги изработила користејќи делови од стари парчиња мебел или редизајнирајќи стари предмети кои имале сосем поинаква употреба во нивниот „претходен“ живот.
Од рѓосаната табуретка од двор до меко кадифено столче; од стара рамка за фотографии до тренди послужавник од бамбус; од стар исушен букет до цветен лустер за в спална; од вадилка за полевање цвеќиња до пресонализирана ламба - креативноста на Јона надминува секакви граници и претставува вистинска инспирација за секој кој чувствува и најмал порив да изработи нешто свое со кое на својот дом ќе му даде личен печат.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram