Вкусивме супер креативни деликатеси на годишната изложба на ЕУРМ...

6 јуни 2018

Вчеравечер во Културниот-информативен центар во Скопје беше отворена традиционалната, 12-та по ред Годишна изложба на студентите на Факултетот за арт и дизајн при ЕУРМ.

Имавме привилегија да уживаме во креативните деликатеси на талентираните студенти, чии најуспешни креации беа сублимирани под годинешнава тема Деликатес „Идеал".

Овој пат изложбата ги претставува најделикатесните дизајн решенија кои произлегоа од креативните работни активности во изминатата академска 2017/18 година.

„Оваа година успешно се реализираа предвидените наставни активности, збогатени со значаен број проекти, работилници, изложби, модни ревии, посети на музеи и галерии, награди, како и дружење со докажани гости - уметници. Учествувавме на Модниот викенд Скопје со модната ревија „TEXT ME"; учествувавме во Inno4edu образовниот камп во НУБ; соработувавме со Францускиот културен центар во Скопје каде изложуваме студентски дела; се претставивме на фестивалот Скопје Креатива и на Младинскиот пролетен салон; бевме дел од работилницата и изложбата „Дигитален фолклор"; освоивме две награди: национално призание за успешно спроведена општествено одговорна практика во 2017 година за проектот „Природата нè повикува" и награда за студентско дело на Младинскиот пролетен салон; потпишавме нови договори за соработка во рамки на програмата Еразмус+... бевме вредни и многу креативни!", велат од Факултетот за арт и дизајн.

Објавено:
6 јуни 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
86 пати