Втор концерт со наслов Танго Приказна на 12-ти јуни

11 јуни 2024

Вториот концерт од концертната турнеја со наслов ТАНГО ПРИКАЗНА ќе се одржи на 12-ти јуни, во Офицерскиот Дом, Битола во 20:00 часот.

На концертот во Битола љубителите на музиката и танцот ќе имаат концертно танго доживување со камерниот состав "Агогик" и сценски настап на Владанка Колева и Онур Мок од "Центар 213".

Концертната турнеја ТАНГО ПРИКАЗНА има за цел доближување на танго културата, музиката и танцот пред широката македонска публика. Првиот концерт беше реализиран во Скопје на 14-ти мај во Културно информативниот центар со извонреден успех.

Вториот концерт е во Битола во Офицерскиот дом, а третиот концерт ќе се одржи во Струмица.
На концертот публиката ќе има можност да ужива во прекрасните танго композиции, милонги и валцери од најпознатите композитори на тангото како А. Пјацола, Ф. Канаро, К.Гардел и други познати композитори.

Билетите за концертот се достапни во сите прадажни места на ТОБАКО ДИМПО или онлајн преку МК Тикетс.

Објавено:
11 јуни 2024
Категорија: 
Култура