Музичката икона Дејвид Боуви замина во легендите. Тој почина изутринава на 69 годишна возраст по тешката битка со ракот.
Веста што го шокираше светот, особено неговите обожаватели, за медиумите ја потврди неговиот син, филмскиот режисер Данкан Џонс.
"Дејвид Боуви почина денеска, опкружен со неговото најблиско семејство, по 18-месечната борба со ракот", беше објавено на неговата официјална страна.
Пред само неколку дена, на денот на неговиот роденден, култниот музичар го објави својот последен албум "Blackstar" и веднаш се искачи на англиската и американската топ листа на најпродавани албуми.
Покрај неговата генијална музика, Боуви беше препознатлив и по авангадниот имиџ со што постави нови стандарди на музичката сцена.
Во 2003 година се повлече од јавноста, но се врати по 10 години со 24-от по ред студиски албум „The Next Day“.
Со неговата исклучителна појава, харизма. генијалност и талент остави суштински печат на многу генерации. Збогум Дејвид Боуви!