На фејсбук страната на Зоолошката градина, е упатен повик до сите граѓани со добра волја, со цел да ја остварат мисијата ЗОО-Скопје да стане најголемата зелена оаза во градот.
„Сите заедно, Зоолошката градина да ја направиме најзеленото катче за прошетки и уживање, а секое ваше донирано дрвце, садница или семиња ќе можете да ги гледате долги години како растат и го разубавуваат секој дел од градината.
Секое едно дрво, растение, грмушка, цвеќе ќе создаде многу кислород, позитивна енергија и чист воздух.
Што може да донирате, а ние да засадиме?
Врби
Липи
Лешници
Бамбус
Лотус
Смрека
Аронија
Орев
Јавор
Бор
Тиква
Зимзелен даб
Cottoneaster
Магнолии
Банана
Лаванда
Жива ограда Buxus
Јапонска цреша
и сите останати растенија кои не се токсични за животните и луѓето.
Може да донирате и хумус за садење на дрвцата
Заедно ќе ја изградиме најголемата зелена оаза, каде што сите ќе се гордееме на секое посадено дрво и растение!
Сите кои сакате да бидете дел од нашата мисија, вашите донации може да ги донесете на билетарата во Скопје Зоо секој ден од 09:00 до 17:00
Веднаш штом почнеме да садиме, едно по едно сите дрвца, садници и семиња ќе ги објавиме овде, а вие ќе може при вашите прошетки во Скопје Зоо да гледате како напредуваат и растат.
Бидете дел од оваа наша еко кампања и споделете да стигне до што повеќе луѓе кои би ни се приклучиле во мисијата“, се вели во соопштението.
Па доколку сакате да сте дел од оваа акција, веќе знаете како можете да се приклучите, а ако имате дополнителни прашања, можете да ги упатите на нивните социјални мрежи - фејсбук и инстаграм.