Зошто Боб Дилан ја доби Нобеловата награда?

14 октомври 2016

Има некои кои се сомневаат во одлуката Боб Дилан да добие Нобелова награда за литература, но има армија од обожаватели кои го поддржуваат нивниот херој.

Кариерата на Боб Дилан трае повеќе од пет децении, дел е од Rock and roll hall of fame, има продадено милиони плочи, автор е на книги поезија како и два дела мемоари, а во подготовка е третиот.

Оспорувачите дури велат дека поп стиховите не се поезија, но тогаш како е возможно генерации и генерации да се идентификуваат?

Во образложението зошто токму тој ја добива Нобеловата награда се вели дека Дилан создал нов поетски израз во рамките на американската традиционална поезија, каде ги преминува сите стандарди преку неговата геометрија на невиност и оние „скршени“ патувања на полноќ. Боб Дилан тоа го прави во еден здив, јасно и со длабока резонанца како треперење на стихот.

Дилан во севкупната своја кариера ќе даде безброј интервјуа во кои е арогантен и циничен, но од друга страна пак прецизен и точен. Никогаш нема да му стане јасно зошто предизвикувал толку огромно внимание. Дури во едно интервју пред една година, на прашањето дали би можел повторно да ги напише сите оние фантастични стихови, кратко ќе одговори „Не".

Неговата навидум скржавост во одговорите е генијален коментар на севкупната цивилизација. Тишината во неговите одговори е всушност прашање кон сите нас. Отсекогаш протестирал преку стих без разлика на која тема се однесува. Боб Дилан свесно го носи целиот свој живот духот на својата ера, на својата младост. Во неговите песни препознавате чемер, бигор, љубов, несреќа, среќа во која не е докрај сигурен.

Боб Дилан ги сруши сите граници на конзервативното размислување.

Боб Дилан кој ќе рече, нема ништо постабилно од промената.

Бејбимама

 

Објавено:
14 октомври 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
562 пати