10 најдобри летни комбинации за на плажа

21 јуни 2022

Се прашувате што да носите на плажа ова лето? Доколку имате во план да посветите повеќе часови од денот во капење во сончевите зраци и тиркизни бранови, уживајќи со некој освежителен коктел или пак да останете подолго за ручек во некој од рестораните на брегот, знаете дека ќе ви биде потребно малку повеќе од вашиот омилен сет на костим за капење.

Фактот што поголемиот дел од денот ќе бидете во вода не значи дека треба да се откажете од идејата да го истакнете вашиот стил, па дури и да направите вашиот едноставен костим за капење да добие сосем нов изглед.

Па, пред да почнете да размислувате за тоа каде да го поминете летото, погледнете ја оваа листа од 10 најдобри летни комбинации за на плажа за кои се надеваме дека ќе ве инспирираат.

И секако, не заборавајте да се заштитите од сонцето со крема за сончање, наочари за сонце и башата омилена капа.

Едноставна кошула

Едноставна кошула со копчиња е класичен избор кога сакате да се покриете ако сакате да се заштитите од сонцето или пак доколку не ви е пријатно да се движите во бикини надвор од границите на плажата.


Мрежест фустан

Додадете забавен стил на вашиот изглед на плажа со мрежестиот фустан, достапен во оваа слатка бела или црна боја за оние кои сакаат потемна палета.


Складни бикини со пантолони и јакна

Спарете ги вашите омилени бикини со јакна и пантолони во складна и монохроматска комбинација и веднаш сте спремни за вечерен коктел во барот покрај брегот.


Фустан со принт

 Долг макси фустан со принт има моќ да му даде дополнителна елеганција на вашиот костим за капење и да го трансформира лежерниот стајлинг за на плажа во изглед со кој ќе можете уште веднаш да седнете на ручек во некој од рестораните во близина.

 

Дводелен кроше сет од топ и здолниште

 

 Вашиот костим за капење ќе добие сосема нова димензија дококу го искомбинирате со складен дводелен сет од топ и здолниште во соодведта боја. Годинава во тренд се кроше сетови.


Лелеав фустан за на плажа

 Широк и удобен фустан од лелеав материјал е секогаш брза и лесна опција кога сакате да облечете нешто преку вашиот костим за капење. Носете го овој лесен фустан со сандали или комбинирајте ги со патики, па ова парче облека ќе можете да го носите и во текот на вечерта.


Фустан без прерамки

 Фустанчињата без прерамки се една од наједноставните и најбрзи избори за летните горештини. Исомбинирајте го со едноставни сандали или капа за сонце и веднаш добивате симпатичен изглед совршен за лежење на плажа.


Бикини топ со здолниште

 

Комбинирајте го горниот дел од вашиот едноставен бикини сет со лелеаво здолниште со интересен принт кое се врзува околу половината и ќе добиете совршена комбинација која ќе ве однесе од плажа директно на бранч.

 

Краток комбинезон

 Краток комбинезон од џинс преку вашиот омилен костим за капење ви овозможи да постигнете разигран и младешки изглед.

 

Едноделно плетено парче со крати ногавици

 

Ооблечете го ова едноставно едноделно плетено парче со кратки ногавици врз вашиот костим за капење, комбинирајте го со едноставни сандали и веќе сте подготвени за прошетка низ блиското гратче.

Објавено:
21 јуни 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.653 пати