20 предлози: Што да облечете ако сте гостинка на свадба оваа пролет?

3 март 2023

Добивте покана за свадба во пресрет на пролетните свадбени свечености и веќе се двоумите што да облечете?

Ние сме тука да ви помогнеме да ги решите дилемите, да го направите најсоодветниот избор и да го прикажете своето најдобро издание.

Доколку нема конкретно пропишан дрес-код и специфична тематика на свеченоста, тогаш слободата да бирате е бесконечна. И токму затоа, за консултација се обративме кај нашиот етаблиран моден бренд ЕЛЕНА ЛУКА, модна куќа за која лусузните свечени фустани се синоним и референца на препознатливост.

ЕЛЕНА ЛУКА ја отвора сезоната на пролетни свадбени свечености со огромни попусти на свечениот програм дури до 70%, што е уште една предност во потрагата по совршен гостински изглед, покрај богатиот избор на уникатни и гламурозни свечени комбинации и тоалети.

Го посетивме ателјето на ЕЛЕНА ЛУКА во Скопје, каде нѐ пречека воодушевувачки избор на уникатни дизајнерски креации со никогаш пониски цени.

Добро познатиот гламур на брендот во комбинација со актуелните тенденции изгледа и повеќе од одлично!

Блескави, елегантни, авангардни, луксузни, како и тоалети што ја носат безвременоста на стилот „стариот Холивуд" – изборот е фантастичен.

Со оглед на тоа, воопшто не беше лесно да одвоиме само 20 фаворити како наш предлог и одговор на прашањето: Што да облечам како гостинка на пролетна свадба?

Професионалниот тим на ЕЛЕНА ЛУКА ве очекува во ателјеата на брендот во Скопје и Струмица, расположен да ви помогне да го направите изборот кој ќе ве направи најсреќна и највпечатлива гостинка на некоја од претстојните пролетни свечености.

Секако, дел од понудата може да ја погледнете и на нивната веб страна www.elenaluka.com

Во продолжение издвојуваме дел од нашите фаворити, а остатокот може директно да го погледнете во продажните салони на ЕЛЕНА ЛУКА.

 

Објавено:
3 март 2023
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
4.526 пати