300.000 евра поддршка од LVMH за младата дизајнерка Marine Serre

20 јуни 2017

Младата и перспективна дизајнерка Marine Serre е годинешната добитничка на престижната награда за млади дизајнери што ја доделува модниот конгломерат LVMH, а вклучува финансиска поддршка од 300.000 евра и менторство во LVMH во рок од една година.

Serre е тазе дипломиран студент на престижната школа за моден дизајн La Cambre во Белгија, каде се издвоила како една од најдобрите во нејзината генерација.

Дипломирала во 2016 година со футуристичката колекција „Radical Call for Love" што веднаш ја лансирала меѓу најперспективните млади дизајнери во глобалната модна индустрија и и ја обезбедила можноста да работи за Мезон Марџела и Диор.

Дел од жирито што ја избра Serre како најдобар млад дизајнер, беа и истакнатите и етаблирани нејзини колеги Николас Гескје, Марија Грација Кјури, Марк Џејкобс...

Во петокот на свеченоста наградата и ја врачи модната икона Ријана.

Фото извор: Getty images

 

Објавено:
20 јуни 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
94 пати