5 модни тв серии кои не смеете да ги пропуштите

14 јануари 2021

Со оглед на тоа дека модните ревии не доаѓаат предвид периодов, дизајнерите ги користат сериите како уште еден начин на промоција на модата и трендовите. А дефинитивно ни е потребна малку свежа мода во животот моментално. Погледнете ги најновите телевизиски остварувања кои не смеете да ги пропуштите, ако сте модно освестени зависници. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by olly (@ollyyears)

It’s A Sin

Серијата е дело на Расел Т. Дејвис, креаторот на хитот од 90-те, Queer as Folk. Неговото најново дело со наслов It’s a Sin, е посветено на сите оние луѓе кои ги изгубија своите животи како последица на појавата на ХИВ вирусот пред 40 години. Серијата се фокусира на секојдневието на неколкумина млади луѓе во 80-те години од минатиот век, кои живеат заедно во Лондон. Иако, ќе има свои мрачни моменти (што е нормално, ако земеме предвид дека главниот фокус е ставен на болест), Дејвис ветува и многу хумор и секси тела на повидок. Токму тие секси тела ќе ја носат најубава мода од 80-те. Премиерата е закажана за 22. јануари.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Just Jared (@justjared)

Inventing Anna

По огромниот успех кој го доживеа со Bridgerton, првата дама на телевизијата Шонда Рајмс работи на нова серија заедно со Netflix. Станува збор за биографска серија за Ана Делвеј, девојката по потекло од Русија, која успеа да измами стотици илјадници долари од елитата на Менхетен. Тврдејќи дека е богата германска наследничка, со уметничка фондација вредна 60 милиони долари, Ана Делвеј стана модна икона. Главните улоги ги толкуваат Јулија Гарнер, Ана Чумски додека Лаверн Кокс ќе се појави во улога на фитнес инструкторка која за прв пат се посомневала во работата на Делавеј. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Gossip Girl (@gossipgirl)

Gossip Girl 1.0

Благодарение на Блер Волдорф и нејзините тоалети од Oscar de la Renta и Серена ван ден Вудсен и Marc Jacobs чантите, генерациите во 2008 успеаа да се образуваат за високата мода на квалитетен начин. Најавата за ново издание на серијата веќе подолго време е во тек, а среќната вест е што оригиналниот дизајнер на костими, Ерик Даман, повторно ќе замеша прсти. Па очекувањата се големи и позитивни. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Cynthia Nixon (@cynthiaenixon)

The Gilded Age

Од авторот на Downtown Abby, Џулијан Фелоус, по долга неизвесност, конечно е најавена новата серија со наслов The Gilded Age. Од Јоркшир нe’ носи во Менхетен и Њупорт во доцните години на 19. век. Главната улога ѝ припадна на 29 годишната ќерка на Мерил Стрип, Лујза Џејкобсон, а со неа ќе се појават и Кристин Барински и Синтија Никсон.

Halston 

Серијата е продукција на Netflix, а дело на Рајан Марфи. Станува збор за телевизиски омаж на познатиот дизајнер од 70-те години, па следствено на тоа може да се очекува и многу, многу мода од тој период. Еван МекГрегор се јавува улогата на ѕвездата од Studio 54, додека Криста Родригез ќе ја толкува улогата на неговата драга пријателка, Лајза Минели. 

 
Објавено:
14 јануари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.293 пати