Со историска насловна страница за септемвриското издание, на која ќе се најдат дури педесет топ манекенки од различни генерации, италијанскиот Vogue прославува 50 години од своето постоење.
Култниот фотограф Стивен Мејсел ги фотографираше супермоделите кои ги одбележаа 90-те Наоми Кемпбел и Линда Евангелиста, ангелите на Викторија сикрет, Адријана Лима, Карли Клос и Кендис Свонпул, руските убавици Саша Пивоварова, Наталија Водјанова и Наташа Поли, потоа Коко Роша, Еди Кемпбел, во ретро фазон кој навраќа на првите години од лансирањето на италијанското издание на модниот магазин.
После оваа насловна страница која сигурно ќе влезе во историјата, но и насловните страници на септемвриските броеви на американскиот и јапонскиот Vogu, како и на престижниот Harper's Bazaar, апсолутно големите имиња од модните писти се враќаат на главните позиции на модните магазини.