Живата легенда, Ајрис Апфел е бизнисменка, моден стилист, дизајнер на ентериер и модел, позната по тоа што никогаш не се плашела слободно да го изрзи својот стил и чувство за мода.
Фото: forbes.com
Фото: forbes.com
Неодамна, таа ги здружи силите со Ciaté London за креирање на нова колекција шминки во кои доминираат светли, храбри и впечатливи бои. Оваа колекција комплетно ја рефлектираат енергијата на Апфел!
Фото: forbes.com
„Мојата убавина и стил на шминка пораснаа заедно со мене; како што растев и еволуирав, така се промени и мојот стил на убавина", вели Апфел. „Сакам да носам кармин во светли бои и интересни бои на сенки за очи со кои ја надополнувам модата што ја носам. Еден прпизвод без кој навистина не би можела да живеам е силен, силен кармин". потенцира таа.
Фото: forbes.com
Фото: forbes.com
Фото: forbes.com
„Светот е многу сиво место и сакав да направам среќна, радосна колекција за да избркам тагата", додава Апфел. „Шарлот Најт не се плаши да си поигрува со светли, смели бои и формулите на производите на Ciaté за кои знам дека се со највисоки стандарди. Соработката навистина ми беше одлична. Беше многу забавно - ми дозволија да си играм со боите што сакав да ги истражам".
Фото: forbes.com