Ајрис Апфел(102) замина во легендите

3 март 2024

Легендарната и неповторлива Ајрис Апфел на 102 годишна возраст замина во легендите.

Ајрис ќе остане запаметена како една од најголемите модни бунтовнички и една од навлијателните икони на стилот.

До крајот на својот живот, таа остана доследна на живописните бои и предимензионираните очила по коишто целиот свет ја препознаваше.

Нејзината уникатност и донесе многу соработки со модниот свет, а нејзиното мислење за модата беше едно од највреднуваните.

Апфел, родена во Њујорк на 29 август 1921-ва, беше сведок на радикални трансформации на метрополата во секој сегмент, па и во модата.

Ајрис во третата доба од својот живот стана особено популарна кај дизајнерите. Сними бројни кампањи и реклами за повеќе луксузни брендови.

Модниот свет беше и ќе остане фасциниран од страста за животот што ја имаше, а за многумина и понатаму ќе биде голема стилска инспирација.

Во една прилика Ајрис изјави:

Стилот не се учи. Според мене, стилот е во нашата ДНК. Може да научите како да бидете модерни, како да се облекувате подобро, но стилот не се учи. Тоа е нешто внатрешно.

Почивај во мир легендо.

Фото:  Pinterest

 

Објавено:
3 март 2024
Категорија: 
Актуел