Последниот ден од Миланската модна недела за мажи е токму денес, а викендов беше мошне возбудлив. „Прада“ беше еден од брендовите кои ја претставија колекцијата за есен-зима 22/23, со шоу кое и тоа како го привлече вниманието на јавноста.
Од брендот се одлучија водечки лица на писта да бидат познатите актери Кајл Меклахан и Џеф Голдблум.
Ревијата ја отвори токму Меклахан (62) облечен во црн капут и одело, по што следеше презентација на модели со волуменозни кроеви, повеќекратно нагласени раменици, долги панталони со набори околу глуждот, нова интерпретација на работничкото одело, како и мантили и комбинации кои вклучуваат ремени.
View this post on Instagram
Ѕвездата на „Твин Пикс" не ја криеше возбудата за новата авантура, па своите впечатоци ги сподели и на Твитер, пишувајќи: „Ви благодариме #RafSimons! Каква чест е да го отворите шоуто за машка облека @prada #FW22 за #MilanoFashionWeek!“
Од друга страна пак, ревијата ја затвори Голдблум (69) носејќи капут со крзнени елменти на лактите и долниот дел од капутот и излегувајќи од тунел со светлина.,
Зад креациите се потпишуваат Раф Симонс и Мијуча Прада.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Од брендот споделија и соопштение за јавноста во која го објаснуваат водечкиот момент при создавање на колекцијата, како и нејзината реализација.
-Работата е состојба на реалноста – клучна компонента на животот. Земајќи ги театарот и филмот како огледала на реалноста, во машката колекција на „Прада“ за есен 22 на Миуча Прада и Раф Симонс, Deposito-галеријата во „Фондацијата Прада“ е замислена како сцена за акција. Актерите се толкувачи на реалноста, вработени да ја одекнуваат реалоста преку нивните портрети. Кастингот вклучува 10 светски познати холивудски ѕвезди: Томас Броди-Сангстер, Аса Батерфилд, Џеф Голдблум, Демсон Идрис, Кајл Меклахлан, Том Мерсиер, Џејден Мајкл, Луис Патриџ, Ештон Сандерс и Филипо Скоти. Вистински мажи, признати фигури, тие носат нов аспект на реалност – стои во соопштението на „Прада“.
View this post on Instagram
Одличен потег на модната куќа, со што се актуализираат и повозрасни мажи како модни лица.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Инаку и „Долче и Габана“ се одлучија да имаат селебрити личност за водечки модел, но во сосема поинаков контекст. Нивниот избор е познатиот рапер на Машин Ган Кели, новиот вереник на Меган Фокс.
View this post on Instagram