Актерката Грета Ли е (неочекувана) модна икона за 2023

15 декември 2023

Американската глумица Грета Ли, која е со корејско потекло е прогласена за модна икона на годината. Одлуката наиде на изненадување кај луѓето, со оглед на тоа што Ли не користи социјални мрежи и многу ретко може да се види во јавноста.

Актерката играше во сериите Russian Doll и The Morning Show, но она што ја прослави е улогата на Нора во филмот Past Lives.

Ли е родена во Лос Анџелес и веќе има добиено голем број на награди меѓу кои за Најдобра глумица на Hollywood Critics Association Midseason Film Awards, а беше номинирана и за наградата Gotham.

Грета е чест гостин на црвениот тепих и токму оттука јавноста можеше да го забележи и нејзиниот оригинален стил, којшто е прилично едноставен, но секогаш со некој впечатлив детаљ.

Нејзината естетика има доза на бунтовност и спортски дух и токму поради сите овие карактеристики е генијална.

Таа соработува со дизајнерот Џонатан Андерсон и за модната куќа Loewe.

Препознатлива е по строгата боб фризура, а токму поради нејзината специфичност Андерсон ја ангажираше да биде заштитно лице за пролетната линија на парфеми.

Во продолжение некои од најдобрите изданија на Ли.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Check the Tag (checkthetag)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by LOEWE (loewe)

Објавено:
15 декември 2023
Категорија: 
Актуел