Балканската музичка ѕвезда Александра Радовиќ на својот самостоен концер во Филхармонија, блесна во креација на ЕЛЕНА ЛУКА.
Радовиќ ја забавуваше многубројната публика со своите вокални способности, моќниот перформанс, а сето тоа го надополни со својот custom made фустан зад којшто стои нашиот етаблиран бренд.
Блескавиот долг црн фустан со шлиц, ексклузивен дизајн на ЕЛЕНА ЛУКА, на совршен начин ја истакнуваше грациозноста на Александра.
Луксузната сценска тоалета на ЕЛЕНА ЛУКА беше дополнета со црни оперски ракавици и уникатен детаљ во форма на птица направена од светкави монистри и пердуви.
Секоја рачна изработка на брендот има своја приказна и посебна уметничка вредност, а така беше и овој пат со црната custom made тоалета за големата балканска ѕвезда.
View this post on Instagram