Алисија Викандер без шминка во новата кампања на Луј Витон

12 октомври 2016

Алисија Викандер се врати како ѕвезда на кампањата за француската модна куќа Луј Витон. Новата кампања за колекцијата чанти за есен/зима 2016 година е снимена во Рио де Жанеиро каде брендот оваа година ја прикажа и својата ресорт колекција за 2017 година.

Оваа прекрасна 28 годишна актерка веќе неколку сезони е муза на супер талентираниот Николас Гескјер кој е креативен директор на брендот.

Кампањата е снимена во едноставен амбиент покрај океанот, но и кај фасцинантниот Музеј на современа уметност во Рио, The Niterói.

Кампањата тие ја нарекоа „The Spirit of Travel“, а во истата ќе ги најдете најубавите кожени чанти од зимската колекција, иако атмосферата во Рио неодоливо потсетува на лето.

Шведската актерка за кампањата на Луј Витон беше фотографирана од големиот Патрик Демарчелиер.

Објавено:
12 октомври 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
718 пати