Аманда Сејфилд во Париз позира за насловната на Glamour

14 август 2013

 

„Ѕвездената Аманда“ е насловот на новата фотосесија  која оваа русокоса актерка ја сликаше во Париз за септемвриското издание на француски Glamour. Елегантност зачинета со шик кариран изглед кој потсетува на софистицирана школска униформа. Фотографот Бен Вотс успешно ја долови убавината на оваа холивудска ѕвезда. Аманда носи дизајни од модните куќи на Живанши, Изабел Марант и Бурбери Прорсум.

 

 

 

Објавено:
14 август 2013
Категорија: 
Актуел