Американското септемвриско издание на престижниот моден магазин Вог е штотуку објавено, а со тоа во јавност излегоа и првите фотографии како и насловната страна. По низа насловни со славни личности, уредништвото на магазинот најпосле се одлучи да ја врати старата пракса и на чело да ни ги претстави супермоделите.
Фотографот Марио Тестино за есенската насловна ги фотографираше агресивно ангажираната моделка Кара Делевињ, Џоан Смајлс и Карли Клос, на кои Вог им го доделува називот „The Instagirls“.
Како што објаснуваат од магазинот, „Instagirls“ се девојки што градат сопствен бренд и култен профил преку социјалните мрежи, посебно на Инстаграм и на тој начин собираат милиони обожаватели од целиот свет.
Покрај прочуените, Кара, Карли и Џоан во оваа класа модели Вог ги таргетира и Аризона Мус, Еди Кемпбел, Иман Хамам, Феј Феј Сан, Ванеса Ахенте и Андреа Диакон.