НАЈМЛАДАТА ЅВЕЗДА ШТО НЕКОГАШ ЈА ПРИМИЛА НАГРАДАТА

Американските дизајнери ќе ја прогласат Зендаја за модна икона

20 октомври 2021

На 10 ноември ќе се одржи годинашното издание на CFDA наградите, а веќе е познато која ѕвезда ќе биде прогласена за модна икона.

Здружението на Американските дизајнери одлучи тоа да биде 25-годишната актерка Зендаја. Воедно, таа ќе биде најмладата ѕвезда што некогаш ја примила наградата.

Нивниот избор воопшто не е за изненадување, бидејќи откако пред неколку години се појави на црвениот килим во креација на Вивиен Вествуд, па во Том Форд, продолжија да се редат нејзините модни успеси. Важи за една од најдобро облечените, а тоа го потврдува и последниве денови, промовирајќи го филмот „Dina“ со Тимоти Чаламе.

Стилист на Зендаја е познатиот Ло Роах, кој успеа од неа да создаде вистинска модна икона.

За потсетување, пред Зендаја, Ријана, Бијонсе, Џенифер Лопез, Принц, Дејвид Боуви, Фарел Вилијамс се дел од ѕвездите кои го добија ова престижно признание.

Инаку, годинашново доделување на наградите после две години ќе се одржи во живо и очекуваме да биде вистински моден спектакл, барем кога се комбинациите во прашање.

На церемонијата ќе биде наградена и Ања Тејлор Џој, а “модниот оскар“ за неа оди за Лице на годината, повторно би рекле - заслужено. После „Queen's Gambit“, младата актерка ниже филмски успеси, но и модни. 

Објавено:
20 октомври 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
6.518 пати