Ана Винтур добива тужба поради Ким и Канје

23 април 2014

Прашината околу насловната страна на Вог со Ким Кардашијан и Канје Вест не престанува! Овојпат, спорот настана околу нумерата која што е употребена во видеото во кое е прикажано снимањето на фотосесијата за култниот магазин. Авторот на песната Рики Спајсер тврди дека музиката во видеото е користена без негова дозвола.

Спајсер кој и претходно има поднесено тужба против Канје Вест дека без дозвола користел негова нумера на албумот „Yeezus“, се шокирал кога слушнал дека истата песна е искористена за кампањата на Вог.

Инаку, станува збор за песната „Bound 2“ во која дури 44 проценти се позајмени од авторска песна на Рики. Доколку се прашувате, музичарот не прецизирал што точно побарал од познатиот магазин во знак на извинување.

Имено, како што многумина ја нарекуваат „апокалиптичната“ насловна на светскиот магазин на која осамнаа Ким Кардашијан и Канје Вест и покрај големиот број контроверзии, продаде огромен број примероци од априлското издание на магазинот, па дури имаше коментари и дека ова е најпродаваното издание на Вог во историјата.

Според извори на Њујорк пост, априлското издание на Вог до крајот на месецот се очекува да се продаде во околу 400.000 примероци, што е еднакво на минатогодишното, пролетно издание кога на насловната се појави американската миленичка Бијонсе и продаде вкупно 355.000 копии!

Објавено:
23 април 2014
Категорија: 
Актуел