Иако се добри пријатели со нејзиниот вереник, уредничката на американскиот Вог Ана Винтур и понатаму ги одбива барањата на многумина да ја стави реалити ѕвездата Ким Кардашијан на насловната на нејзиниот магазин.
Ана Винтур е многу добра пријателка со 30 – годишниот Канје Вест, но и покрај тоа уредничката на т.н модна библија за неговата идна сопруга никогаш немала добри зборови.
Да биде уште полошо, таа неодамна изјави дека „Ким Кардашијан е најлошата работа откако се појавија сандалите со чорапи“.
Како резултат на нејзиното мислење за старлетата, Винтур веќе долго време одбива да објави фотографија од Ким на насловната на нејзиниот магазин, а не сака да изработи ниту било каква фотосесија со неа.
Желбата на Канје е Ким да биде фотографирана од Марио Тестино во венчаницата од 100.000 долари што ќе ја носи на нивната свадба и потоа фотографијата да биде објавена во Вог, но „студената“ Ана воопшто не сакала ниту да размисли за тоа.