Андријана Алачки за ЕЛЕНА ЛУКА: Секоја нивна креација е посебно уживање

14 април 2024

Нашата позната водителка Андријана Алачки веќе подолго соработува со тимот на ЕЛЕНА ЛУКА.

За потребите на емисијата Везилка, но и за останати прилики таа својата доверба безрезервно ја дава на нашиот етаблиран бренд.

Комплиментите никогаш не изостануваат, а кога задоволството е обострано тогаш соработката раѓа пријателства.

За едно такво пријателство сведочат сите убави зборови коишто Андријана и ЕЛЕНА ЛУКА ги разменија.

На овие прекрасни зборови се надоврза и ЕЛЕНА ЛУКА упатувајќи голема благодарност и особена чест за плодната, долгогодишна соработка.

Алачки овој пат беше стилизирана во свилен дводелен комплет од лелеаво сако и панталони со слободен пад, со деликатен извезен ретро принт.

Креацијата од ЕЛЕНА ЛУКА како и секогаш одлично прилегаше на сензибилитетот на Андријана, а блескавата насмевка на нејзиното лице раскажуваше за привилегијата да се ужива во облеката.

Во сличен син сет од сако и панталони беше облечена и Анѓела Јакимовска која заедно со Андријата ја води емисијата Везилка.

Им посакуваме уште многу успешни ЕЛЕНА ЛУКА приказни.

Фото: Facebook

Објавено:
14 април 2024
Категорија: 
Актуел