Андријана Петрушовска од Скопје јавноста ја запозна во втората сезона на регионалното музичко шоу Ѕвездите на Гранд.
Таа лани беше финалистка, на чекор до триумф, а годинава стаса до шестиот круг на шоуто кој што допрва ќе се емитува.
Младата девојка плени со својот глас и убавина, а на својот инстаграм профил ни го откри стајлингот за нејзиното следно појавување на сцената.
Заслужен за беспрекорниот изглед на Андријана е нашиот етаблиран бренд ЕЛЕНА ЛУКА.
Задоволството и самодовербата уште посилни заедно со ЕЛЕНА ЛУКА тимот на професионалци со кои започнуваме една нова и успешна приказна! Рефлексијата е очигледно блескава, кога си опкружен со професионалци!
Со ова таа ја најави соработката со модната куќа која безрезервно им дава поддршка на младите музички уметници и голем дел од познатите во шоубизнисот.
Андријана јавноста ќе може да ја види во дводелен сет во впечатлива црвена боја, составен од свилено макси здолниште и топ со долги ракави украсен со златни детали под градите.
Овие две уникатни парчиња со потпис на ЕЛЕНА ЛУКА ќе бидат надополнети со раскошна црвена наметка и круна со којашто таа ќе изгледа како вистинска божица.
И ја посакуваме сета среќа.