Антонија Ристовска ќе ги спои модата и архитектурата во нова колекција

9 април 2014

Македонската дизајнерка Антонија Ристовска на 24 – ти месецов ќе одржи самостојна ревија во просториите на Капитол Мол.

Колекцијата што ќе биде промовирана кон крајот на месецов, ќе биде за сезоната пролет – лето 2014, а истата е насловена како „Art en Deco“.

Како што посочува Ристовска за Fashionel, нејзината најнова колекција е инспирирана од модерната архитектура.

„Целата колекција е инспирирана од модерната архитектура која што почнала да се создава во 20 – тите и 30 – тите години од 20 – тиот век. Колекцијата е создадена под влијанието на т.н Арт Деко движење или пак под влијанието на движењата на модернизмот, кубизмот, футуризмот и функционализмот“, вели Антонија.

Последното нешто што можевме да го видиме од дизајнерката беше колекцијата „Инстинкт“ за сезоната есен – зима 2013/2014 година која што ја промовираше на претпоследниот Моден викенд Скопје.

За истата направи и одлична фотосесија со посебна техника наречена синемаграфи, па покрај стандардните фотографии, беа застапени и „движечки“.

Објавено:
9 април 2014
Категорија: 
Актуел