Авангардна мода во јапонски стил

20 ноември 2013

Повеќето модни дизајнери работат со цел да ги прилагодат нивните дизајни на силуетата на човечкото тело, но авангардните јапонски дизајнери креаираат за да трансформираат.

Токму такви креативни трансформации кои го сведочат ова, се изложени во рамките на поставката “Future Beauty: Avant-Garde Japanese Fashion,” која беше отворена во саботата во музејот Peabody Essex и ќе трае до 26-ти јануари.

Јапонските дизајнери изложуваат урбани архитектонски градени костими, кои иако дел се креирани во раните деведесети со својот 3Д дизајн припаѓаат на иднината.

 

Објавено:
20 ноември 2013
Категорија: 
Актуел