BAFE по шести пат ги обедини уметноста и модата

18 јуни 2015

Неодамна заврши шестото издание на Balkan Art Fashion Event, манифестација која уште еднаш покажа дека е одлична за младите дизајнери што имаат поинаква перспектива на модата.

Во рамки на програмата беа предвидени  ревии како и интересна програма што ќе ги следи. За време на трите дена се претставија повеќе од 30 модни дизајнери, одбрани од целиот регион, меѓу кои и нашите дизајнери, Евгенија Зафировска,  Ангела Богеска, Александра Јовановска, Сара Милевска и Прокопие Ќаев.

Евгенија Зафировска Евгенија Зафировска

Ангела Богеска Ангела Богеска

Покрај ревиите, посетителите можеа да уживаат и во изложби и проекти што ја третираат еко-уметноста и модата, како и изложби на модни додатоци, облека.

BAFE посебно внимание посветува на на авторите кои модата и облекувањето не го сфаќаат само како индустрија, туку и како своевиден уметнички израз, перформанс, кој се одвива и на модната писта, но и на улицата, а токму тоа го покажаа и овој пат.

Во продолжение погледнете ја галеријата составена од фотографии од ревиите, но и атмосферата зад сцената:

Објавено:
18 јуни 2015
Категорија: 
Актуел