BAFTA во знакот на „Gravity“ и „Бранџелина“

17 февруари 2014

Од изминатата недела,  Лондон освен што е епицентарот на модните случувања, е град каде синоќа се случи и најважната ноќ за британскиот филм, односно престижните BAFTA награди. „Кралската опера“ беше локацијата каде на црвениот килим чекореа големите имиња од филмската индустрија. 3Д филмското остварување „Gravity“  освои шест награди, вклучувајќи ја и онаа за најдобар режисер, а борбата за најдобар британски филм  беше меѓу оригиналната приказна од филмот „ 12 Years a Slave“ кој го доби признанието за најдобро филмско остварување, а актерот Чиветел  Ејфор беше прогласен за најдобар актер. „ American Hustle“ е филмот кој исто така се закити со три признанија, додека Алфонсо Куарон беше прогласен за најдобар режисер. При примањето на наградата, режисерот на филмот за  американското ропство, Стив Меквин изјави: „ Додека ние седиме тука 21 милион луѓе се во ропство, се надевам дека 150 години од сега нашата амбивалентност нема да дозволи друг ваков филм, рече режисерот Меквин.

Актерката Кејт Бланшет беше прогласена за најдобра актерка од филмот на Вуди Ален, „ Blue Jasmine“, а кога излезе на сцената да и биде врачена наградата, таа изјави дека ја посветува на починатиот колега Филип Сејмур Хофман. Актерот Бархкад Абди за улогата на пират од филмот „Captain Phillips“ ја доби наградата за најдобар машки актер, а конкурираше во силна категорија каде беа вклучени Мет Дејмон, Бредли Купер и Даниел Брухл.

Филмот „American Hustle“ на режисерот  Дејвид О Расел освои три награди, а Џенифер Лороенс ја доби наградата за најдобра споредна женска улога, освен овие награди филмот ја освои и онаа за најдобра шминка и фризура, како и за најдобро оригинално сценарио. На легендарната Хелен Мирен и беше доделена најзначајната награда на BAFTA, филмската стипендија, која и беше врачена од страна на принцот Вилијам.

Меѓу најуспешните филмови беше и анимацијата „Disney's Frozen“ кој беше прогласена  за најдобара во својата категорија, а се натпреваруваше со популарните „Despicable Me 2 “ и  „Monsters University“. Ако минатата година на BAFTA врнеше, оваа година помина без никакви проблеми. Во однос на модата на која нормално и се дава речиси истото значење колку и на филмот, ѕвездите се потрудија да воодушеват на црвениот килим со гламурозни, луксузни и елегантни изгледи од креации на престижните дизајнериски брендови како: Валентино, Ланвин, Барбери, Вивијан Вествуд, Сен Лоран и многу други. Ако во однос на наградите, фокусот беше на филот „Gravity“, за мода,  најмногу се истакнаа Анџелина Џоли и Бред Пит, кои се појавија во сличен елегантен  црно-бел стајлинг, Џоли носеше креација на Сен Лоран , накит на Тифани и дискретна шминка.

Ѕвездата пак од филмот „ 12 Years a Slave“, црномурестата актерка Лупита, носеше макси кутур зелена тоалета на  Кристијан Диор, надополнета со масивен накит во златна нијанса.

Lupita Nyong'o/  Christian Dior Couture Lupita Nyong'o/ Christian Dior Couture

Најдобрата актерка, Кејт Бланшет,  пак беше во елегантна варијанта на Александар Меквин. Во продолжение погледнете каква беше атмосферата и како изгледаа големите имиња од филмската индустрија.

Објавено:
17 февруари 2014
Категорија: 
Актуел