Еден од најраскошните бутици на „Шанел“ се наоѓа токму во Париз, но сепак за божиќните празници се потрудија да го направат уште помагичен.
Имено, бутикот од неодамна го краси светлосна инсталација која вклучува светлечки ѕвезди, венчиња, но она што посебно фасцинира е минималистичкото магично шишенце од парфермот „Chanel N°5“.
Ова не е случаен избор, бидејќи сите овие одбрани фигури и светилки се наменски. Ѕвездите - бидејќи Коко Шанел го обожувала и се инспирирала од универзумот, а парфемот бидејќи годинава прослави 100 години постоење.
Инаку, бутикот „Шанел“ во Париз постои од 2018 година и интересно е тоа што се наоѓа само неколку чекори од оригиналниот бутик на Коко Шанел, на број 19.
Просторот е распространет на неверојатни 1.000 метри квадратни, а зад дизајнот на зданието се потпишува американскиот дизајнер Питер Марино, кој успеал да ги спои типичниот париски стил, модерната естетика и вредноста на брендот.
Сето тоа во комбинација со новогодишната декорација изгледа навистина прекрасно, ќе се согласите нели?
фото: Instagram.com/Chanel