Се чини дека сè повеќе големи компании, брендови и познати луѓе го напуштаат Твитер откако Илон Маск го презеде во октомври оваа година. Примарната причина за ова, пишува Business of Fashion, е тоа што тие стравуваат дека по масовните отпуштања на Маск, контролата врз објавеното ќе биде многу помала и сакаат да избегнат нивните реклами да бидат поврзани со дезинформации и говор на омраза.
Досега Твитер, меѓу другите, го напуштија Џенерал Моторс, Дајсон, Џиџи Хадид, а Баленсијага беше првата модна куќа која вчера го направи тоа.
До моментот на нејзиното заминување од платформата, Баленсијага имаше 950.000 следбеници, а точната причина зошто го напуши твитер сè уште не е официјално објавена. Иако многумина шпекулираат дека Маск е проблемот и во овој случај, факт е дека Баленсијага ги користи социјалните мрежи на неконвенционален начин.
Покрај Твитер, модната куѓа користи и Инстаграм каде објавува фотографии поврзани само со она што е моментално актуелно за брендот, на пример летната колекција или нова кампања, а потоа во рок од неколку дена ги брише сите, оставајќи простор за нови вести.
Можеби бришењето на Твитер е дел од некоја нова стратегија смислена од креативниот директор Демна.