Бијонсе му дава модернизиран пресврт на стариот холивудски гламур во фустан на Гучи

25 октомври 2022

Популарната пејачка Бијонсе, во саботата се појави на петтата годишна Wearable Art Gala на Where Art Can Occur Theater Center, која се одржа во хотелот „Баркер Хангар" во Санта Моника, Калифорнија, канализирајќи го гламурот на Стариот Холивуд со модернизиран пресврт.

За приликата, пејачката облече фустан на Гучи од Алесандро Микеле во комбинација со црн сатенски корсет и опаш со пердуви. Горниот дел од фустанот беше украсен со црни, бели и сиви светкави детали, како и две сребрени ѕвезди кои го красат белиот градник..

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Beyoncé (@beyonce)

Бијонсе го надополни изгледот со сатенски ракавици од Гучи во јака розова боја, со волуменозни манжетни и пар дијамантски обетки од Лорејн Шварц.

Пејачката се одлучи за вечерен мејкап изглед, вклучувајќи медено кафена боја на кармин,руменило и зачадена сенка за очи. Косата ја носеше во обемни локни што се спуштаа по нејзиниот грб.

Бијонсе беше придружувана од нејзиниот сопруг, раперот и претприемачот Џеј Зи, кој носеше класичен црн смокинг од кадифе.

Оваа година беше особено исполнета и активна за пејачката. На 29 јули годинава, таа го објави својот албум „Renaissance" кој дебитираше на првото место на топ листата на Билборд 200. А покрај тоа, Бијонсе на своите социјални мрежи ја најави и нејзината светска турнеја за претстојната 2023 година.

Објавено:
25 октомври 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
497 пати