Дивата Бијонсе ќе го краси американското издание на Vogue за септември месец. Секапилна и заводлива, таа позираше пред објективот на Марио Тестино, а резултатот е насловна страна која несомнено ќе привлече големо внимание.
Покрај насловната, септемврискиот број содржи и фото-сесија, каде Бијонсе носи креации на Стела Мекартни, Живанши, Версаче, Луј Витон, Марк Џејкобс.
Септемврискиот број ќе почне да се продава од 18-ти август, а покрај фотографиите, има и видео за тоа како изгледаше снимањето на едиторијалот.
Инаку, ова е трета насловна на Бијонсе за Vogue. Претходно се појави во мартовското издание во 2013 година, кога ја фотографираше Патрик Демарчелие, а се најде и на насловната страна за месец април во 2009 година кога исто така ја фотографираше Марио Тестино.
За оваа последна насловна, свој коментар дадоа и дел од дизајнерите чии креации носи.
„Зборот дива е искористен за многу женски изведувачи и често постои мислење дека тие имаат репутација на многу тешки личности за соработка, но Бијонсе освојува со шармот и квалитет што би го посакале“, вели Марк Џејкобс.
„Бијонсе е цел пакет: необична, убава, моќна, специфична. Нејзината привлечност преминува во уметнички форми, полови и генерации“, вели Стела Мекартни.
Постои магнетска привлечност во нејзиното држење - коментира дизајнерот Рикардо Тиши.