Овој петок, македонскиот моден бренд Елена Лука организира ден со ексклузивни попусти, познат како „Black Friday", во продажните салони во Скопје и Струмица.
Дел од асортиманот на домашниот моден бренд, ќе биде на попуст до 50%, па имате одлична можност да си го купите омиленото дизајнерско парче со намалена цена: уникатни зимски капути, кошули, сакоа и панталони совршени за надополнување на вашиот деловен изглед, коктел фустани и здолништа, романтични тоалети...
Инаку, неодамна Елена Лука ја промовираше и својата нова колекција за сезоната есен-зима 2016/17 која носи неверојатен шарм и е реплика на ставот и индивидуалноста на современите дами, а истата е поделена во три сегменти: спортска елеганција, коктел комбинации и свечени тоалети.
Исто така во Елена Лука веќе е достапна и специјализираната линија за свечена облека за претстојните празници.