Бред Пит за GQ: Време е малку да забавам и да им се посветам на моите деца!

29 септември 2014

Кон крајот на месец август, шармантниот Бред Пит конечно ја официјализираше долгогодишната врска со Анџелина Џоли, а во новото интервју за магазинот GQ говори за тоа колку му годи новата улога во животот.

„Не би рекол дека бракот е само чин. Во него има многу повеќе од тоа“, вели во интервјуто 50 – годишниот актер.

Запрашан за неговата врска со најдобриот пријател Џорџ Клуни, кој овој викенд се ожени со неговата избраничка Амал Аламудин, актерот ќе каже дека нивното пријателство сѐ уште е многу цврсто и без никакви проблеми.

„Многумина велат дека јас сум тој што е повеќе повлечен и често недостапен. Вие веќе знаете дека Џорџ е сосема спротивно од тоа – тој е секогаш достапен за сѐ. Вистинска радост е да имаш таков пријател покрај тебе, тој е еден од нашите најдобри претставници. Тој е неверојатно смешен, а најверојатно јас сум малку помизерен од него“, во смеа изјавил Бред во интервјуто.

Покрај тоа, тој додал и дека Клуни  бил посмирен и потивок човек по природа за разлика од неговите пријатели.

„Всушност, јас доаѓам од земја која важи за посиромашна и малку повеќе примитивна, можеби и затоа сум таков. Мислам дека јас сум многу повеќе резервиран“, вели актерот.

Во однос на неговите следни планови, тој  изјавил и дека сака малку да паузира на професионално поле, со цел да му се посвети на семејството и децата.

Мора да имате нешто значајно и навистина вредно за да излезете од дома. Сега е време малку да запрам и да му се посветам на семејството. Би сакал да поминам повеќе време со моите деца пред тие да пораснат и да си заминат од дома“, изјавил актерот за GQ.

Иако е најдобар пријател, тој не се појави на свадбата на Џорџ Клуни овој викенд во Венеција, а според многумина, тоа не било резултат на меѓусебни проблеми, туку едноставно поради фактот што семејството Пит не обожава папараци и јавни појавувања.

Објавено:
29 септември 2014
Категорија: 
Актуел