Бремената Ријана во новата кампања на Луј Витон – прва за Фарел Вилијамс како креативен директор

20 јуни 2023

Бремената мега ѕвезда Ријана, ја најави новата машка колекција на Луј Витон за пролет-лето 2024, со фотографија од кампањата за истата, каде се појавува како заштитно лице.

На фотографијата, Ријана позира во кожен мантил, предниот дел е откопчан и фокусот е на нејзиниот стомак, додека во раце држи чанти во неколку бои со препознатливиот патерн со логото на брендот.

Она што ја прави посебна оваа колекција е тоа што е прва под креативно водство на Фарел Вилијамс, кој минатата година застана на чело на машката линија на познатата француска модна куќа, а воедно и вечерва со ревија ја отвора Машката модна недела во Париз.

 

 

Објавено:
20 јуни 2023
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.777 пати