Брендот Сен Лоран не дозволува пародија на името

27 април 2015

what-about-yves-parody-shirt

Брендот Сен Лоран, поточно Luxury Goods International ја тужи Џенин Хелер за пародичните маички за оваа модна куќа, што ги продава веќе две години.

‘Ain’t Laurent without Yves се појави во времето кога новиот креативен директор Хеди Слиман одлучи да го „отфрли“ Ив од Сен Лоран од името на брендот.

Како пренесува Fashionista, Хелер се обидела да ги патентира маичките уште во 2013 година, но нејзиното барање било одбиено со образложение дека се премногу слични со името на познатата модна куќа. И покрај таквиот одговор, Хелер продолжила да ги продава маиците, па дури и му понудила на брендот да ги продава во нивните дуќани.

Ова не е првпат Џенин да има проблем со своите дизајни. Имено, минатата година имаше проблем со употребата на CC логото на Шанел.

Објавено:
27 април 2015
Категорија: 
Актуел