Бунтовничка без причина: Изложба за историјата на кожената јакна

7 март 2014

Во музејскиот објект на Модниот институт за технологија се организира изложба за историјата на кожената јакна и нејзините модификации низ годините, се до нејзиното прераснување во моден фетиш.

Изложбата ја организираа студентите од Модниот Институт за технологија, отсек Мода и Текстил. Тие направија свое истражување и го „изодеа патот“, по кој врвеше кожната јакна низ годините и детално го објаснија процесот како ова модно парче стана статус симбол во општествените кругови и синоним за бунтовен и кул изглед. Меѓу изложувачите се најдоа светски признати брендови и модни куќи како Жан Пол Готје, Рик Овенс, Ив Сен Лоран, Comme des Garçons и многу други.

 

Објавено:
7 март 2014
Категорија: 
Актуел