Чантите со потписот на Лила наскоро достапни

31 октомври 2013

lila

Водителката Лила Стојановска неодамна ги израдува своите обожаватели и воедно вљубеници на модата со информацијата дека ќе биде дизајнер на линија чанти, чие и заштитно лице ќе биде.

Се работи за соработка со младата Ана Шурдиловиќ од Ниш, која е позната токму по интересните и откачени дизајни на чанти. Оние што со нетрпение очекуваат да го видат дизајнерското деби на Лила, ги информираме дека чантите наскоро ќе бидат достапни.

-За неколку дена со Лила патуваме за Ниш, каде таа ќе ги предаде своите нацрти за чантите кои ќе го носат нејзиниот потпис. Покрај другото, во рамките на шоуто „Се или нешто“, се отвора нов ексклузивен гифт шоп, наменет за присутната пбулика. Имено, сите присутни можат да бидат изненадени со најразлични аксесоари и украсни предмети со принт од ликот на Лила и нејзин потпис - ни изјави Спасе Јовановски, ПР на водителката.

lila tasna

Лила не ја крие возбудата за новата модна авантура:

-Многу ми е драго што веќе постои голем интерес. Откако најавивме дека првата чанта ќе ја има фразата „I'm too sexy for my ex“, девојките постојано прашуваат за чантите. Моделите ќе бидат достапни преку Фејсбук и можам да кажам дека секоја жена може да се пронајде во нив - најави водителката.

Инаку, брендот Елена Лука веќе подолго време изработува линија фустани, кои ги промовира токму преку водителката и актуелната емисија.

Објавено:
31 октомври 2013
Категорија: 
Актуел