Со ревијата на македонската дизајнерка Росица Мршиќ вчеравечер и официјално беше отворено 11 – тото издание на Модниот викенд Скопје.
Официјални партнери за убавина на Модниот викенд Скопје оваа година се одличните Cosmo Tinex кои се погрижија за целата козметика што ќе биде употребена за моделите.
Сите посетители на Модниот викенд ќе имаат можност да го посетат штандот на брендот поставен во катната гаража „Солунски конгрес“ каде впрочем и се одржува Модниот викенд.
Токму таму, девојките ќе можат да најдат дел од производите што инаку можат да се набават во Cosmo Tinex, а се дел од понудата на брендови како Manhattan, Shiseido и Clarins Paris.
На нивниот штанд ќе најдете и одлични производи од нивната пролетна понуда, меѓу кои и најубавите машки и женски парфеми, креми и лосиони за тело, како и уште мног у интересни козметички производи.
Оваа пролет, разгалете се со најдобрата понуда на козметика во Cosmo Tinex!