Црно-бел фустан на риги за 42-от роденден на Меган Маркл

7 август 2023

Викендов Меган Маркл го прослави 42-от роденден.

Во друштво на својот сопруг, принцот Хари и нивните пријатели, беа фотографирани пред ресторан во Монтесито.

За приликата, Меган одбра опуштен, а истовремено стилски роденденски аутфит: макси фустан во црно-бели риги потпишан од етикетата Posse, во комбинација со ниски сандали.

Стилот на Меган е препознатлив токму по едноставноставната елеганција, минималистичкиот пристап, но секогаш женственоста е водечка карактеристика.

Токму поради тоа, речиси никогаш нема да забележите модна утка кога е во прашање стилот на Меган Маркл.

 

 

Објавено:
7 август 2023
Категорија: 
Актуел
Тагови: 
Меган Маркл