Дајан Кругер во провокативна фотосесија
•
17 декември 2013
Бразилското издание на магазинот Harper’s Bazaar, одлучи за насловната на новата едиција на списанието да ја ангажира Дајан Кругер по повод изложбата на Шанел за „Little Black Jacket“, каде германската актерка е главна ѕвезда.
Дајан за едиторијалот позира во парчиња од круз колекцијата на Шанел како костим за капење, црна тоалета со светки и масивни црни ракавици. Во интервјуто таа не го криеше задоволството од извонредната соработка со креативниот директор на оваа модна куќа Карл Лагерфелд и соработката која трае веќе неколку години.