Дали „Викторија Сикрет“ ќе го ангажира својот прв трансексуален модел?

7 ноември 2013

Модната куќа „Викторија Сикрет“ доби интересна петиција од светската палтформа „Change.org“ со предлог трансексуалката Кармен Карера да стане нивен модел.

„Оваа петиција е испратена до модната куќа со цел да ја разгледа можноста Кармен да стане нивен ангел. Доколку таа стане првиот трансексуален супермодел, тоа многу ќе помогне на отстранување на хомофобијата кон ЛГБТ популацијата, но и кон целокупната заедница на трансексуалците“, се вели меѓу другото во петицијата.

Кармен Карера неодамна беше дел од риалити емисијата „RuPaul's Drag Race“, се најде во магазинот „W“ и во емисијата „Marco Marco runway show“.

Објавено:
7 ноември 2013
Категорија: 
Актуел