Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон вчера на формален настан во Лондон, се појави во издание во кое прикажа еден современ дамски изглед и како успешно класиката може да се интерпретира на модерен начин.
Иако за нејзина "стилска униформа" важат капут-фустаните, најчесто со потпис на Александар Меквин, Кетрин Вокер или Емилија Викстед, сепак таа секогаш е отворена за соработка и со други дизајнери кои имаат и поинкава замисла за класиката.
Getty-images
Така овојпат на себе носеше елегантен дводелен сет од Ердем, комбинација од сако во пеплум крој и миди здолниште со висок струк, со ситен принт инспириран од тапетите карактеристични за ентериерите во Викторијанското доба. Оваа комбинација добива своја целина и со перфектниот избор на шапка во тегетна нијанса, како и суптилен накит.
Getty-images
Getty-images
Getty-images