Дијан вон Фурстенберг со свое реално шоу на тв каналот E!
•
28 март 2014
Шоуто треба да започне да се емитува во декември, а единствено тв каналот E! ќе ги има правата за негово прикажување. Според замислата на Дијан вон Фурстенберг, секој ќе има шанса да се пријави и да биде дел од ова шоу, а не само веќе познати и докажани имиња.
„Сакам да истакнам дека откако Ким Кардашијан се појави на насловната страна на американскиот Вог, секој има шанса да се пријави на реалното шоу“ – истакнала Дијан.
На официјалната прес конференција, дизајнерката истакнала дека во потесниот круг ќе влезат осум дизајнери кои ќе се борат за главната награда. Кулминацијата ќе биде на модната недела во Њујорк каде и официјално ќе биде претставен новиот моден амбасадор за Дијан вон Фурстенберг.