Дизајнерите креираат за Trash Fashion Macedonia

15 мај 2015

По поводот јубилејната петта година на Trash Fashion Macedonia, една недела пред официјалнот настан, ќе има промотивна изложба во Цреша бар со наслов „Дизајнерите за Trash Fashion Macedonia 2015” во која ќе учествуваат Јована Филиповиќ, Ирина Тошева, Драган Христов – Лудус и Билјана Клекачкоска.

Тие ќе ја претстават свој дизајн на шапка изработена со реупотреба на материјали, а целта е да се покаже дека македонските дизајнери се свесни за животната средина и дека умеат да работат со нестандардни рециклирачки материјали.

Постер дизајн: Катерина Тери Постер дизајн: Катерина Тери

 

Целта на Trash Fashion Macеdоnia е на иновативен начин да ги поттикне и анимира младите да ја развијат свеста за заштита на животната средина, собирајќи го отпадот околу нив и да креираат оригинални модели преку неговата реупотреба.

Изложба е во организација на ОХО и со неа ќе се најави петтиот јубилеен Trash Fashion Macedonia- натпревар на креации изработени со реупотреба на материјали, наменет за средните училишта во Македонија.

Објавено:
15 мај 2015
Категорија: 
Актуел