Дизајнерка ја разлути српската јавност: Нејзините дуксери имаат ужасна порака

18 февруари 2021

Дијана Радоњиќ е името на српската дизајнерка која деновиве ја разбранува тамошната јавност. Имено, таа е позната по дизајнирање на елегантни фустани, но од неодамна има и линија за деца. Се работи за тренерки со везени натписи.

И се' ќе беше во ред, да не направеше инстаграм стори на кое ја промовира детската линија, носејќи дуксер во тој стил кој има натпис „Lepša sam od tebe ćorice“, но превод на македонски би звучело како „Поубава сум од тебе, ќорле“, како шега на која се смее со своите ќерки.

Тоа предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Голем број родители сметаат дека ова е катастрофален начин да се промовира било што - “Промовираш детска облека, така што ги навредуваш?!“, е само еден од коментарите, а се надоврзуваат и “Кој немал мака, не сфаќа дека ова воопшто не е за смеење“, „Дали она знае колку е тешко да му објасниш на дете кое треба да носи очила, дека не е ништо помалку вредно, паметно и поинакво од другите, недопустлив е ваков коментар“, „Знае ли таа какви трауми носат ваквите навреди, па макар кажани и на „шега“, “Ова не е во ред, па дури и да е интерна шега“, „Ужасна порака“...

Со оглед на тоа дека се работи за возрасна личност, која води бизнис и притоа е мајка на три деца, ваквиот начин на пласирање содржина на социјални мрежи, како и промоција на парчиња облека, дел од тамошната јавност го смета за скандалозен.

Дијана Радоњиќ

Се јавија и такви кои како деца морале да носат очила и кои се соочувале со такви навреди, како и родители чии деца имаат проблеми со видот и повикаа на бојкот на дизајнерката.

Но, наместо извинување, таа упати коментар дека: „ѝ е смачено од тоа сите во се' да бараат нешто лошо“.

Како вели, спорниот натпис „се создал“ кога ќерка ѝ случајно ѝ се обратила неа.

„Тоа „ќорле“ ми е упатено мене, а притоа не сум ќора, ниту било кој во нашата околина“, со што само потврди дека се' уште не гледа каде е проблемот, а тоа беше само потврда за останатите дека дизајнерката не гледа каде грешки, што е уште потрагично. Некои сметаат дека ниту тоа „Поубава сум од тебе“ треба да биде натпис за дуксер.

Други велат дека, ваквиот суд е можеби и преостар, особено бидејќи овој натпис досега не е пласиран во продажба и дека навистина се работи за интерна шега и ништо повеќе од тоа. 

Но, од друга страна, кога сте јавна личност, кога ве следат илјадници луѓе, имате одговорност за се' што работите, зборувате и пласирате јавно.

 

Објавено:
18 февруари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
8.952 пати
Извор: 
noizz.rs