Виториа Кафе ги спои можеби најубавите нешта на светот – модата и кафето! Тие остварија соработка со некои од најпознатите австралиски дизајнери чии дизајни беа пресликани на нивните чаши за кафе за носење, а меѓу нив се најде и одличниот дизајнер со македонско потекло Тони Матичевски.
Лимитираната колекција на чаши на Виториа кафе вклучи познати дизајнери од Австралија како Bec & Bridge, Camilla & Marc, Dion Lee, Ellery, Josh Goot, Romance Was Born, We are handsome и нашиот Тони Матичевски.
„Со оглед на тоа што и нашата компанија потекнува од Австралија, горди сме што можеме да објавиме дека направивме одлична соработка со исклучителни дизајнери од нашата земја за овој проект. Ние сме многу возбудени што можеме да ја подржиме австралиската мода и што истата полека, но сигурно се пробива во светот“, вели Роландо Ширато, менаџер на компанијата.
Во продолжение погледнете како изгледа лимитираната колекција на чаши со супер дизајни од одличните австралиски дизајнери од кои веруваме дека веднаш ќе ви се припие кафе!